ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Вардар никако да победи – Беса со гол во финишот до голем бод, Силекс го доби Тетекс и чекори кон Прва лига

Вардар ниту со новиот тренер Никола Глигоров никако да запише втор сезонски триумф, откако денес на домашен терен одигра 2:2 против Беса од Добри Дол. Хакан Лимани го отвори резултато за водство на гостите од 0:1, а пред крајот на првиот дел Филип Петковски погоди за 1:1. Во вториот дел Петковски со втор гол донесе пресврт и водство за Вардар од 2:1. Во самиот финиш Мухамед Бекир погоди за конечните 2:2, со што Вардар на крај мораше да се задоволи само со бод.

Силекс останува не поразен и во Тетово, откако со 0:2 славеше над Тетекс. Бурхан Алији во 23. минута донесе водство за гостите од Кратово, а во вториот дел Сашо Дуков ги постави конечните 0:2. Силекс со максимален учинок е лидер на табелата и успешно чекори кон враќање во елитата.

Охрид во новата сезона игра катастрофална и денес го запиша својот четврти пораз во низа, откако загуби со 2:1 на гостување кај Гостивар. Генц Гаши го отвори резулатто за домаќините на стартот од средбата, а пак Артан Велиу на стартот од вториот дел зголеми на 2:0. Во 83. минута Мурат Адили постигна гол за конечните 2:1.

Воска Спорт денес славеше убедливо против Велешта со 4:0 Елмир Алији и Бехар Фета погодија за водство од 2:0 на полувреме. Во вториот дел Самед Кадриоски си постигна автогол, а конечните 4:0 ги постави Пајазит Салиу.

Кораби на домашен терен славеше минимално (1:0) над Кадино со гол на Бљерон Муча во 71. минута. На оваа средба имаше и по еден црвен картон на двете страни. Кај домашните со два жолти беше исклучен Илбер Бекири, а кај гостите капитенот Виктор Димков исто така со два жолти.

ТАБЕЛА ОД ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД:

Standings provided by SofaScore LiveScore

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!