ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Вардар Неготино во сабота на контролка против Овче Поле во Свети Николе

Третолигашот Вардар Неготино во сабота ќе одигра нов контролен натпревар, овој пат против Овче Поле.

За Вардар од Неготино контролниот натпревар во Свети Николе ќе биде четврти, откако на првиот ремизираше со Кожуф играјќи 2:2, на вториот загуби од Кадино со минимални 0:1, додека на третиот контролен натпревар со 3:0 беше далеку подобар од прилепска Победа.

За третолигашот од Свети Николе контролниот натпревар во сабота ќе биде прв во подготовките за пролетната полусезона.

Вардар Неготино се бори за првото место во Третата лига – Југ и промоција во Втората лига – Исток, додека Овче Поле се бори за врвот од Третата лига – Исток и промоција во Втора лига – Исток.

Натпреварот се игра на Градскиот стадион во Свети Николе од 14:00 часот.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!