ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Вардар Неготино во недела на тест против Братство 07

Во недела амбициозната екипа на Вардар Неготино ќе одигра нов контролен натпревар против екипата на Братство 07.
Третолигашот од Неготино одигра неколку контролни натпревари, со Кожуф ремизираше играјќи 2:2, од Кадино минимален пораз од 0:1, убедлива победа над прилепска Победа од 3:0, победа против Овче Поле од 2:3 и пораз од Тиквеш со резултат од 1:4.
Братство 07 на првиот контролен натпревар загуби од Питу Гули со 1:2, додека на вториот тест беше убедлив против Големо Коњари со 1:9.
Тестот меѓу третолигашите ќе се одигра на Градскиот стадион во Неготино со почеток во 13:00 часот и за истиот ќе биде овозможен пренос на Спортска Мрежа.