Вардар Неготино утре на незгодно гостување кај Слога 1976, Големо Коњари сака три бода против Марена

Утре се играат натпреварите од вонредното 11. коло од Третата фудбалска лига – Југ. Неизвесен дуел ќе се одигра во Лажани каде ќе се соочат Слога 1976 и непоразениот лидер Вардар од Неготино. Домашниот состав има силен мотив за изненадување против лидерот, кој, пак нема право на грешка во Лажани.
Дерби за трите бодови ќе има меѓу Бучин и Питу Гули, а Големо Коњари сака три бодови од мечот со Марена со цел искачување на третото место на табелата.
Ново Црнилиште на домашен терен ќе игра против Младост 1930 од Кривогаштани, Возарци ДМД утре ќе има нова шанса да запише први бодови на своето конто, а на домашен терен ќе игра против фаворитот Росоман. Динамо ќе го пречека второпласираниот Превалец.
ПРИЈАВИ СЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“
Сите натпревари ќе започнат во 16:30 часот.