Вардар Неготино убедливо го доби Питу Гули, Марена, Превалец, Слога и Големо Коњари до високи победи

Текстот го спонзорираше Revolution Development
Денес беа одиграни натпреварите од 6. коло од Третата македонска фудбалска лига – Југ, коло кое предизвика дожд од погодоци.
Дербито меѓу непоразениот лидер Вардар Неготино и Питу Гули заврши со висока победа за домашниот тим од 4:0. „Вардарци“ без многу мака го добија конкурентот за прво место со двата погодоци на Ѓорѓи Шишков и погодоците на Кирил Неделков и Марјанчо Илов.
Бучин на домашен терен доживеа вистинска катастрофа, во меч каде Слога на крилата на Самир Каришиќ го декласираше домашниот тим со високи 1:6. За Бучин единствен стрелец беше Зоран Мирчески, додека пак за гостите четири погодоци постигна Каришиќ, а по еден гол постигнаа Адмир Угљанин и Амер Халиловиќ.
Локалното дерби меѓу Локомотива и Росоман одиграно во Градско заврши без победник (1:1). Домашниот тим со голот на Павле Петров во 36. минута стигна до водство од 1:0 на полувреме. Во вториот дел Кристијан Јованов погоди за конечни 1:1.
Големо Коњари однесе висока победа над Обршани од 4:0. Херој на мечот за домашниот тим беше Ерџан Ибраимоски кој постигна хет-трик, а стрелец на четвртиот гол беше Борче Макешоски.
Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси
Марена со убедливи 11:2 го декласираше Канатларци, кој немаше сили ниту на момент да го запре налетот на домашниот тим. За домашниот тим хет-трик постигнаа Берхан Мемедов и Борис Михов, а по еден гол постигнаа Дејан Митров, голгетерот Алексадар Велјанов, Васко Камчев, Миле Златев и Блаже Ставров. За гостите погодоците ги постигнаа Денис Мустафоски и Октај Јусуфоски.
Превалец на домашен терен сосема очекувано славеше со убедливи 7:1 над Младост од Кривогаштани.
За домашниот тим двојни стрелци беа Антонио Чоков и Кристијан Маневски, а по еден гол постигнаа Пеце Стојанов, Ристе Крстев и Живко Ѓорѓиевски, а пак за гостите единствен стрелец беше Филип Степаноски.
Прегледот на табелата го овозможи Revolution Development
- ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ЈУГ:
