ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Вардар Неготино убедлив за нов триумф, Марена броеше до 12, Питу Гули убедлив против Росоман

Марена ја запиша најубедливата победа во 3. коло од Третата лига – Југ, откако на домашен терен со убедливи 12:0 го декласираше Бучин. Двојни стрелци за домашниот тим беа Александар Велјанов, Јован Камчев и Бојан Мемеов, по еден гол постигнаа Васко Јованов, Живко Коцев, Павле Богев и Данчо Давидовски.

Дербито меѓу Превалец и Големо Коњари заврши без победник (3:3). За домашниот тим двоен стрелец беше Бобан Атанасовски, а првиот гол го постигна Антонио Чоков, за гостите двоен стрелец беше Михо Андреевски, а еден гол беше дело на Борче Макешоски.

Вардар Неготино ја продолжи победничката серија и со 0:4 го декласираше Младост во Кривогаштани. За гостите од Неготино стрелци беа Кирил Неделков, Дарко Нацев, Марјанчо Илов и Петар Најдов.

Обршани на домашен терен загуби од Слога со високи 2:4. За домашниот тим двоен стрелец беше Дарко Евтимџиоски, а за гостите стрелаа Белмин Кујовиќ, Есмин Колашинац, Самир Каришиќ и Музафер Алиоски.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Питу Гули со 7:0 го распадна составот на Росоман кој немаше сили да го запре налетот на гостите. На мечот одигра во Крушево двоен стрелец за домашниот тим беше Беким Алимоски, а по еден гол постигнаа Соте Андреески, Мартин Талески, Коста Степаноски, Филип Кукески и Ѓорѓи Стрезовски.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!