ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Вардар Неготино со убедлива победа над Големо Коњари остана осамен на врвот

Прегледот на натпреварот го овозможи Revolution Development
Вардар Неготино е повторно осамен лидер на табелата во Трета лига – Југ, откако денес на Градскиот стадион во Неготино со убедливи 0:3 триумфираше над Големо Коњари во заостанат меч од 14. коло.
Вардар кој формално играше како гостин во Неготино уште во првиот дел обезбеди предност од 0:2 со погодоците на Кирил Неделков и Петар Најдов. Точка на мечот стави Дане Митрев во вториот дел од мечот со погодок постигнат во 75. минута за конечни 0:3.
Вардар Неготино е лидер на табелата со 35 бодови пред Превалец кој е втор со 32 бодови. Третолигашот од Неготино е најсериозен кандидат за баражот кој води во Втората фудбалска лига.