ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Вардар Неготино со победа над Братство 07 најавува голема пролетна борба за Втора лига – Исток

Денес на Градскиот стадион во Неготино третолигашите Вардар Неготино и Братство 07 одиграа контролен натпревар пред стартот на пролетната полусезона од Третата лига – Југ, каде домаќините со 3:2 беа подобри.
Одличен, борбен и возбудлив дуел каде во првиот дел од натпреварот паднаа дури четири гола. Во вториот дел екипата од Неготино постигна гол за победа.
Викендот започнува Третата лига – Југ, екипата на Вардар Неготино на домашен терен го чека Обршани, додека Братство 07 ќе гостува кај Марена.