ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Вардар Неготино со „петарда“ против Росоман граби кон Втора лига, Питу Гули го доби дербито со Големо Коњари!

Текстот го спонзорираше Revolution Development

Седмата рунда од Трета лига – Југозапад донесе дожд од погодоци. Превалец ја однесе најубедливата победа, откако на гостински терен со високи 0:10 го откажа Канатларци, кој немаше сили ниту на момент да го запре разиграниот гостин.

Александар Пановски постигна хет-трик, додека пак двојни стрелци беа Бобан Дукадиновски и Пеце Стојанов, а по еден гол постигнаа Антонио Чоков, Живко Ѓорѓиевски и Кристијан Маневски.

Вардар Неготино го збриша и Росоман на патот кон баражот за Втора лига, откако на гостински терен го совлада со високи 0:5. По два погодоци постигнаа Кирил Неделков и Петар Ристовски, додека пак првиот гол беше дело на Даниел Буровски.

Неготинци остануваат без конкуренција и во моментот имаат солидни пет бодови предност на патот кон баражот за Втора лига.

Слога на домашен терен ја доби Локомотива од Градско со минимални 1:0, а стрелец на голот кој падна уште во 7. минута беше Адмир Угљанин, а со 1:0 славеше и Обршани во дуелот со Марена, а стрелец беше Филип Ликоски во 87. минута. За Обршани ова беше прво сезонско славје, но и први бодови.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Во Кривогаштани паднаа шест погодоци, а убедлива победа однесе гостинот Бучин, кој со 1:5 славеше над домаќинот Младост. За домашниот тим стрелец беше Андреј Цветкоски, додека пак за гостите хет-три постигна Зоран Мирчески, а по еден гол постигнаа Мартин Стрезовски и Сашо Талевски.

Дербито на колото меѓу Питу Гули и Големо Коњари заврши со триумф за домашниот тим, кој со 3:1 ја запиша петата сезонска победа. На стадионот во Крушево стрелци за домашниот тим беа Унча Бојаџиески, Беким Алимоски и Мартин Талески, за гостите единствен стрелец беше Илчо Митрески.

Прегледот на табелата го овозможи Revolution Development

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ЈУГ:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!