Вардар Неготино со новиот тренер Тодорчев и неколку засилувања ќе атакува на враќање во Втората лига

Третолигашот Вардар од Неготино во вторник (20 јули) ќе ги започне подготовките за новата сезона од Третата лига – Југ. Клубот во новата сезона ќе биде предводен од новиот тренер Горан Тодорчев, а негов помошник ќе биде Миле Чаушев.
Во изјава за Спортска Мрежа, претседателот на клубот Горан Алтанџиев, вели дека ростерот на екипата е сочуван, а во следните денови ќе биде засилен со неколку играчи.
„Подготовките ги започнуваме на 20 јули. Нов тренер на екипата ќе биде Горан Тородчев, а негов помошник ќе биде Миле Чаушев. Ростерот е воглавност ист, а во следните денови ќе имаме неколку засилувања. Нашите цели остануваат исти – враќање во Втората лига“, ни изјави Алтанџиев.
Вардар Неготно минатата сезона заврши на четвртото место со 38 бодови и беше далеку зад Локомотива од Градско која заврши на првото место. Неготинци најмногу потфрлија во есенската полусезона, што се рефлектираше негативно врз нивните цели на крајот од сезоната.