ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Вардар Неготино со нов триумф, Превалец го откажа Обршани, Бучин и Големо Коњари со високи победи

Текстот го спонзорираше Revolution Development

Лидер од Неготино, Вардар продолжува со победничката серија, откако на домашен терен со 3:0 однесе победа и над Слога од Лажани. Стрелци на погодоци за Вардар беа Бранко Андонов, Антонио Јанев и Марјанчо Илов, во меч од 8. коло од Трета лига – Југ.

Вардар е единствената непоразена екипа во Трета лига – Југ со максимални 24 бодови и предност од 5 бодови од Превалец, Големо Коњари и Питу Гули.

Бучин со 5:2 славеше над ланскиот второлигаш Локомотива од Градско. За домашниот тим двоен стрелец беше Сашо Талевски, а по еден гол постигнаа Никола Сламкоски, Александар Србиноски и Ѓорѓија Мургоски. За гостите од Градско стрелец на двата погодоци беше Сенад Кариманов.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Големо Коњари со високи 6:0 го распадна Росоман. Ерџан Ибраимоски два пати стрелаше, а по еден гол постигнаа Мустафа Селманоски, Борче Сркески, Петар Петроски и Соте Пуцакоски.

Питу Гули ја доби Марена на гостински терен со 1:2. За домаќините погоди Игор Миов, а пак за гостите од Крушево стрелаа Коста Степаноски и Оливер Велевски.

Превалец го торпедираше Обршани со високи и убедливи 9:0. Хет-трик постигна Пеце Стојанов, по два гола дадоа Александар Пановски и Кристијан Маневски, а по еден гол дадоа Мартин Јовев и Стефче Илиевски.

Младост со 3:2 го доби Канатларци на домашниот терен во Кривогаштани. За домашниот тим погодија Дарко Чапкуноски, Хоки Тодороски и Оливер Конески. За гостите стрелци беа Гуркан Јусуф и Окан Јусуф.

Прегледот на табелата го овозможи Revolution Development

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ЈУГ:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!