ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Вардар Неготино се засили со седум играчи, договорени неколку контролни натпревари

Третолигашот Вардар од Неготино кој веќе е во тренажен процес и во подготовки за пролетнат полусезона во Третата лига – Југ, речиси со сигурност може да го потврде спискот на новодојдени играчи, но и на играчи кои ќе си заминат од Неготино.

Во клубот пристигнуваат Благоја Темков од Росоман, Никола Вареловски – Ники од второлигашот Росоман, Миле Чаушев од третолигашот Марена, Јанев Дончо од Габер, клуб којшто се откажа од натпреварувањето од Третата лига -Југ, Ѓоргиев Игор – Тоти доаѓа исто така од Росоман, како и Андонов Бране и Мојсовски Дарко кој пристигнуваат од Росоман.

Од клубот за Спортска Мрежа велат дека се во исчекување на дефинирање на договор со уште еден фудбалер којшто доаѓа од повисок ранг на натпреварување и за кој дополнително ќе известат.

Од клубот си замина Јовановски Кристијан, Божиновски Дарко, Ристески Иле, Симоновски Петар, Тодоров Оливер и Тодоров Бојан. Од клубот им се заблагодарија на фудбалерите за досегашниот придонес и им посакуваат во новите клубови.

Вардар Неготино има договорено и неколку пријателски натпревари. Првата контролка ќе биде против второлигашот Кожуф од Гевгелија која ќе се игра веќе во сабота (23. јануари), потоа следи тест со второлигашот Тиквеш на 27. јануари, на 3. февруари со прилепска Победа, а ќе има тест и со радовишка Плачковица, а терминот за истиот ќе биде дополнително договорен.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!