ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Вардар Неготино се засили со Борче Димовски

Третолигашот Вардар Неготино денес официјализираше уште еден трансфер, кој ќе биде и последен. Станува збор за Борче Димовски кој во Неготино доаѓа од редовите на второлигашот Росоман.

21-годишниот Димовски е повратник во екипата од Неготино, бидејќи тој го носеше дресот на Вардар во пролетната полусезона во сезона 2018/2019. Играчот кој игра во средниот ред во својата кариера има настапувано и за Металург, Тиквеш, Слога од Виница и Марена.

Прехтодно како што пишуваше Спортска Мрежа, во Вардар Неготино пристигнаа Благоја Темков од Росоман, Никола Вареловски – Ники од второлигашот Росоман, Миле Чаушев од третолигашот Марена, Јанев Дончо од Габер, клуб којшто се откажа од натпреварувањето од Третата лига -Југ, Ѓоргиев Игор – Тоти доаѓа исто така од Росоман, како и Андонов Бране и Мојсовски Дарко кој пристигнуваат од Росоман.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!