ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Вардар Неготино пред сериозен тест со Црнилиште, Локомотива на дерби кај Братство

Во недела се игра последното коло од есенскиот дел од Третата лига – Југ, кое ќе биде одбележано со неколку дерби средби.

Вардар Неготино ќе биде пред сериозен тест со лидерот Ново Црнилиште. Притисок за победа ќе има кај домаќините кој со новиот тренер Никола Глигоров ќе мораат да победат со цел да имаат полесна пролет и да останат во сериозна игра за првото место и Втора лига. Централниот дефанзивец на Ново Црнилиште, Фатон Ислами, во изјава за Спортска Мрежа вели дека имаат почит кон Вардар, ги очекува тежок натпревар, но во Неготино доаѓаат по победа и три бодови.

Братство 07 во недела го игра најважниот натпревар во досегашниот тек од сезоната, во Лажани ја чека амбициозната и расположена Локомотива Градско, која доаѓа силно мотивирана за победа и три бодови. Во изјава за Спортска Мрежа, капитенот на Братство 07, Музафер Алиоски вели дека овој натпревар за нив ќе биде доста важен, со цел да останат во игра за прво место.

Големо дерби ќе се игра и во Велес, каде ќе се соочат домаќинот Превалец и Напредок Крушеани. Дерби-пресметката е важна и за двете екипи. Домаќините со 24 бодови се на четвртото место, па со победа ќе се доближат до врвот кој им е одалечен само три бодови, додека Напредок Крушеани кој е на делба на првото место со 27 бодови ќе атакува на победа со цел да презими на врвот.

Обрашани да домашен терен ќе бара излез од резултатската криза против екипата на Илиден од Башино Село.

Големо Коњари ќе биде на домаќин на расположената Марена која влезе во победнички ритам. Победата за гостите ќе биде императив бидејќи ќе можат да направат скок од неколку места и да презимат на средината од табелата.

Младост 1930 на домашен терен го чека очајниот Питу Гули кој влезе во длабока резултатска криза. Домаќините во моментот со 13 бодови се на деветото место на табелата, па со победа би можеле да напредуваат едно место, додека притисокот за победа кај екипата од Крушево е голем, се освен победа за нив ќе биде ново големо разочарување кај фановите.

Дојранско Езеро на домашен терен ќе ги одмери силите со екипата на Младост од Удово, која влезе во победнички ритам.

Сите натпревари стартуваат во 13:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!