ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Вардар Неготино немаше сили за Дојранско Езеро, Напредок се „распука“ кон Марена, Црнилиште немаше милост за Питу Гули

Денес се одиграа натпреварите од вонредното 20. коло од Третата лига – Југ.

Ново Црнилиште 5:1 Питу Гули

Екипата на Ново Црнилиште без милост со 5:1 го декласираше Питу Гули и стигна до 13-тата сезонска победа. Резултатот беше отворен уште во 5. минута со гол на Селманоски Мустафа. По дваесет минути игра гостите од Крушево израмнија на 1:1 со погодок на Бубаќоски Јованчо. Во вториот дел домаќинот се налути и започна со голем притисок. Во 55. минута Ќамили Блеранд постигна гол за ноо водство од 2:1. Со втор гол Селманоски во 73. минута донесе водство од 3:1, а десет минути подоцна Бесими Кемал зголеми на 4:1. Во 89. минута нововлезениот Имероски Риад ја стресе мрежата на Спасески за конечни 5:1.

Напредок Крушеани 8:0 Марена

Напредок Крушеани конечно се врати на победите, откако на домашен терен со тотална доминација ја „збриша“ Марена со високи 8:0. Првиот гол на Могила падна во 20. минута, а стрелец беше Никовиќ Мартин. 12 минути подоцна со втор гол Никовиќ зголеми на 2:0. Во 42. минута Михов капитулираше по трет пат, а Никовиќ запиша хет-трик за 3:0 на полувреме. Во вториот дел од натпреварот Напредок продолжи да ја „толчи“ гостинската екипа. Нововлезениот Димески Христијан зголеми на 4:0 во 49. минута. Во 67. минута Димески со втор гол зголеми на 5:0. Марена нема сили ниту на момент да го запре налетот на домашната екипа, која преку четврт гол на Никовиќ во 73. минута имаше водство од 6:0. Пет минути подоцна и Димески стигна до хет-трик, а водството се зголеми на 7:0. Во 81. минута Јовановски покажа на белата точка за домашната екипа, а Начески Давид успешно реализираше за конечни 8:0.

Младост Удово 3:0 Илинден БС (службен резултат)

Натпреварот меѓу Младост и Илиден БС во Удово не се одигра, бидејќи гостинска екипа по 30. минути чекање не се појави. Домашната екипа го добива натпреварот со службени 3:0 и службени три бода. За Илинден БС ова е втор натпревар како не се појавува на теренот, па најверојатно ќе следуваат ригорозни мерки од страна на ФФМ и можност за исфрлање од натпреварувањето.

Дојранско Езеро 3:3 Вардар Неготино

Дојранско Езеро уште еднаш покажа дека има квалитет и екипа со која можа да обезбеди Втора лига, откако на домашен терен одигра 3:3 со амбициозниот Вардар Неготино. Екипата од Дојран поради ситуацијата со Ковид-19 и повредите уште во есенскиот дел остана без шанси за прво место, но продолжи да „руши“ фаворити. Гостинот од Неготино денес не успеа да го „преплива“ Дојран и дома се враќа само со бод, но шансите за прво место се намалуваат. Вардар стигна прв до водство со гол на Митрев Дане во 19. минута. Домашната екипа преку Митков Слободан во 39. минута израмни на 11 на полувреме. На стартот од вториот дел Величков покажа на белата точка за Дојранско Езеро, а Ивковиќ Цветан успешно реализираше за водство од 2:1. Гостинската екипа се обидуваше брзо да израмни и да фати приклучок за трите бодови, но водството стигна дури во 86. минута со гол на Шишков Ѓорѓи. Само една минута беше потребно за Дојранско Езеро да дојде до ново водство со гол на Илиев Петар. Во 89. минута Величков покажа повторно на белата точка, овој пат за Вардар Неготино. Одговорноста ја презеде Мојсовски Дарко кој успешно реализираше за конечни 3:3.

>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЈУГ ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<

Превалец 4:2 Обршани

Превалец запиша голема победа против Обршани на домашен терен од 4:2. Превалец прв го отвори резултатот во 23. минута со гол на Ѓорѓиевски Живко. Во 34. минута водството беше дуплирано со гол на Дукадиновски Бобан. Три минути подоцна Стојанов Пеце зголеми на 3:0. Во 42. минута Димоски Антониот намали на 3:1, но по само три минути игра Превалец повторо го зголеми водстовот со втор гол на Стојанов. Во вториот дел од натпреварот Обршани со погодок на Наумоски Бојан намали на 4:2, а до крајот на натпреварот мрежите мируваа.

Динамо 1:0 Големо Коњари

Екипата на Динамо стигна до минимална победа од 1:0 над Големо Коњари. За домашната екипа ова беше петта сезоснак радост, која е од големо значење во борбата за опстанок. Стрелец на единствениот гол кој падна во самиот финиш од натпреварот, односно во 88. минута беше Крстески Александар.

Младост 1930 0:0 Братство 07

Младост 1930 на домашен терен во Кривогаштани одигра реми без голови (0:0) со фаворитот Братство и запиша голем бод.

Лидер на табелата е Локомотива со 44 бодови, четири помалку има Црнилиште кој е втор на табелата, додека на делба на третото место се екипите на Превалец и Братство 07 со по 37 бодови. На петтото место е Вардар Неготино со 35 бодови, а еден помалку има Напредок Крушеани кој е шести на табелата.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!