ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Вардар Неготино на тешко гостување во Дојран, разиграниот Братство 07 гостува кај Младост 1930

Веќе во среда продолжуваат фудбалските возбудувања од Третата лига – Југ со натпреварите од вонредното 20. коло.

Дојранско Езеро – Вардар Неготино

Големо дерби ќе се одигра во Дојран, каде ќе се соочат Дојранско Езеро и Вардар од Неготино. Домашната екипа има голем квалитет, но повредите и ситуацијата со Ковид-19 ја остави без шанси за прво место уште во есенскиот дел, но продолжи и понатаму да ги „руши“ фаворитите, а тоа се случи пред две кола кога среде Градско со 1:2 славеше над Локомотива, но за жал, поради неплатени картони и поднесената жалба од страна на Локомотива, овој натпревар се регистрираше со службени 3:0 за екипата од Градско. Вардар Неготино е влезен во позитивна серија резултати, а доколку успее од Дојран да се врати со три бодови, значително ќе ги задржи шансите за прво место, а со тоа и враќање во Втората лига – Исток.

Ново Црнилиште – Питу Гули

Екипата на Ново Црнилиште на домашен терен ќе ги одмери силите со Питу Гули. Квалитетот и формата се настрана на домашната екипа, па така Црнилиште ќе ја има улогата на фаворит. Но, Питу Гули после две врзани големи победи ќе се обиде да го изненади фаворитот и дома да замине со три бодови со што ќе се пробиe во првите десет на табелата.

Напредок Крушеани – Марена

Интересен натпревар ќе се одигра меѓу Напредок Крушеани и Марена. Домашната екипа нема победа веќе три кола, последен пат славеше на 7. март над Младост во Удово со 1:4, по што следуваше серија од три порази, па притисокот за конечна победа кај нив ќе биде голем. Марена последен пат запиша победа на 17. март дома против Превалец со 3:1, потоа следуваше дебакл од 7:0 во Дојран, а во претходното коло одигра само 2:2 со Младост од Удово, па така и гостинската екипа ќе истрча со надеж да се врати на победите.

Младост Удово – Илинден БС

Дерби од дното ќе се игра во Удово, каде ќе се соочат Младост и Илинден БС. Домаќинот ќе биде фаворит на овој натпревар, но и ќе биде под голем притисок за победа со цел да се одлепи од опасната зона. Гостинската екипа со само три бодови е во опасната зона, а шансите за опстанок ќе бидат многу тешки.

Превалец – Обршани

Екипата на Превалец на домашен терен ќе ги одмери силите со Обршани. Дерби на хартија, но според формата и квалитетот, домашната екипа ќе биде голем фаворит. Обршани во пролетната полусезона игра катастрофално, само едно реми со Големо Коњари и победа во Кривогаштани, па притисокот во среда за втора пролетна победа ќе биде голем.

>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЈУГ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ <<

Динамо – Големо Коњари

Дерби за опстанок меѓу Динамо и Големо Коњари. Борба за победа, за три бодови, за задржување на третолигашкиот статус. Домашната екипа со три бодови ќе направи голем чекор во обезбедувањето на опстанокот, додека пак гостинската екипа ќе биде под силен притисок за петта сезонска победа и евентуален конечен излез од опасната зона.

Младост 1930 – Братство 07

Разиграната екипа на Братство 07 во среда ќе гостува во Кривогаштани каде ќе се соочи со екипата на Младост 1930. Квалитетот и формата го прават гостинот да биде апсолутен фаворит за победа, кој со нови три бодови ќе продолжи да го напаѓа првото место. Се освен пораз за домашната екипа ќе биде позитивен исход од тешкиот натпревар.

Екипата на Локомотива од Градско во ова коло ќе биде слободна.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!