ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Вардар Неготино минимално ја доби Локомотива, Питу Гули славеше над Превалец

Текстот го спонзорираше Revolution Development

Непоразениот лидер Вардар од Неготино денес запиша нов триумф, откако во Градско со минимални 0:1 славеше над ланскиот второлигаш Локомотива. Трите бодови ги обезбеди Петар Ристовски, кој постигна гол во 18. минута од мечот. Вардар по девет одиграни кола има максимални 27 бодови со цели пет бода предност пред Големо Коњари и Питу Гули, кои го делат второто место.

Локомотива пружи силен отпор, но не доволен за да го совлада лидерот од Неготино, кој сигурно граба кон нов бараж за конечно враќање во Втората македонска фудбалска лига.

Бучин го доби Канатларци во меч со седум погодоци (3:4), а херој за гостинската екипа беше Зоран Мирчески, кој беше стрелец на сите четири погодоци. За домашниот тим Окан Јусуф, Денис Мустафоски и Шенол Ибраимовски беа стрелци.

Питу Гули со 2:0 го доби дербито со Превалец на домашен терен, а стрелци на погодоци за тимот од Крушево беа Беким Алимоски и Благојче Митрески.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Росоман со 6:1 ја декласираше Марена која немаше сили за отпор кон разиграниот домаќин. Дуков постигна хет-трик, а пак Миловановиќ беше двоен стрелец, додека Кристијан Јованов постигна еден гол. За гостите единствен стрелец беше Мартин Јовановски.

Слога на домашен терен беше поразена од Големо Коњари со 0:2. Трите бодови за гостите ги обезбедија Крајоски и Ибраимоски.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ЈУГ:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!