ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Вардар Неготино ја збриша Слога, Динамо се распадна како „кула од карти“, Ѓорѓиев му донесе убедлив триумф на Росоман

Денес се одиграа натпреварите од вонредното 24. коло од Третата македонска фудбалска лига – Југ, со што остануваат уште две кола до крајот од сезоната.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Вардар Неготино со убедливи 9:0 го збриша составот на Слога 1976 од Лажани и со тоа потврди дека нема конкуренција кога е во прашање баражот за Втора лига. На „Цвај арената“ во Неготино по првите 45 минути резултатот беше 3:0 за домашниот тим, а стрелаа Петар Најдов, Кирил Неделков и Ѓорѓи Шишков.

Голеадата на стартот од вториот ел ја започна Дарко Мојсовски, потоа двоен стрелец беше Даниел Буровски, а до крајот погодоција Орданчо Јорданов, Александар Трајков и Петар Ристовски за конечни 9:0.

Динамо се распадна како „кула од карти“, откако на гостувањето кај Превалец загуби со убедливи 12:0. Пеце Стојанов беше стрелец на четири погодоци, хет-трик постигна Кристијан Маневски, двоен стрелец беше Бобан Атанасовски, а пак стрелци на по еден гол беа Антонио Чоков, Ангел Гаштев и Димче Тодоровоски.

Превалец и понатаму има негатива од пет бодови во однос на лидерот Вардар, кој во следното коло со реми ќе го потврди првото место и со тоа ќе го обезбеди баражот за Втора лига на едно коло пред крајот на сезоната.

Младост 1930 дома со 3:2 го доби дербито со Ново Црнилиште и со тоа забележа голема пбоеда. За домашниот тим стрелаа Николче Папучкоски, Филип Стојаноски и Ивица Мијајлески, додека пак за гостите погодија Енур Ибраими во првиот дел и Мустафа Селманоски во вториот дел од мечот одигран на теренот во Кривогаштани.

Питу Гули во Крушево го „столчи“ Бучин со убедливи 6:0. Во меч каде домашниот тим имаше тотална доминација во текот на целиот меч, а победата беше најавена уште во првиот дел кога домашниот тим имаше водство од 3:0 со погодоците на Унча Бојаџиески, Благојче Стојаноски и Давид Атанасоски. Во вториот дел Олвиер Велевски погоди за 4:0, а до крајот на мечот со два погодоци на Никола Ѓорѓиев беа поставени конечните 6:0.

Прегледот на колото го овозможи Revolution Development

Игор Ѓорѓиев му донесе убедлива победа на Росоман против „фенерџијата“ Возарци ДМД (5:0). Во првиот дел мрежите беа мируваа, а на стартот од второто полувреме голгетерот Ѓорѓиев со хет-трик обезбеди водство за неговата екипа од 3:0 до 74. минута од мечот. До крајот Стефан Тодоровски и Марко Миловановиќ погодија за конечни 5:0.

Марена забележа голем триумф на домашен терен од 2:0 над екипата на Големо Коњари. Трите бодови беа обезбедени во првиот дел со погодоците на Берхан Мемедов и Павле Богев.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!