ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Вардар Неготино гостува кај Илиден БС, Локомотива домаќин на Големо Коњари

Во недела се играат натпреварите од 12. коло од Третата лига – Југ. Вардар Неготино ќе гостува кај екипата на Илинден БС, во меч во којшто гостите од Неготино ќе бидат апсолутни фаворити за победа.

Локомотива во Градско ја чека екипата на Големо Коњари. Домаќините кој атакуваат на првото место и влез во Втората лига – Исток ќе важат за големи фаворити на овој натпревар, поради подобрата форма, екипа и домашниот терен кој е во нивна полза.

Лидерот на табелата Напредок Крушеани ќе биде голем фаворит во мечот со Динамо. Во изјава за Спортска Мрежа, Јанкоски истакна дека Напредок е подготвен и очекуваат сигурна победа над Динамо.

Ново Црнилиште го очекува дерби меч против Дојранско Езеро, во кој домаќините ќе влезат како фаворити за победа. Екипата од Дојран се соочува со повредени играчи и Ковид-позитивни играчи, што е голема проблем за дојранчани кој во новата сезона влегоа со големи амбиции. Дојранско Езеро натпреварот со Превалец од минатот коло не го одигра, а за Спорска Мрежа изјавија дека имаат пет заболени играчи од Ковид-19 и тренерот, а останатите со симптоми без мирис, вкус и мала температура.

Интересен дуел ќе се одигра во Удово каде ќе се соочат домаќинот Младост и амбициозниот Правелец. Домаќините ќе го искористат домашниот терен за да ја запишат петата сезонски победа, додека формата го фаворизира Превалец кој во Удово доаѓа по три бодови и нова победа, со цел да го следи чекорот со Напредок Крушеани и Ново Црнилиште.

Питу Гули влезе во голема резултатска криза, а поразот од Големо Коњари го вклучува алармот кај екипата од Крушево дека е потребна победа во недела над Братство 07 и излез од резултатската криза. Иако на гостински терен, гостите поради подобрата форма на екипата ќе бидат благи фаворити за победа.

Марена на домашен терен ќе биде пред сериозен испит со одличнната екипа на Обршани. Домаќините имаат резултатска криза, а веќе во недела ќе бидат пред сериозен испит, дали ќе успеат да се вратат на победите. Домашниот терен е на страната на домаќините, додека формата го фаворизира Обршани.

Натпреварите стартуваат во 13:00 часот и ќе бидат одиграни без присуство на публика, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!