ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Вардар Неготино гостува кај Големо Коњари, Локомотива против Динамo, Обрашани на дерби со Ново Црнилиште

Утре се играат натпреварите од 15. коло од Третата лига – Југ.

Дерби на колото ќе се игра меѓу Обрашни и Ново Црнилиште. Дуел меѓу екипите кои се борат за врвот на табелата и промоција во Втората лига – Исток. Според формата гостинот ќе биде благ фаворит на утрешното дерби.

Вардар Неготино ќе гостува кај засилената екипа на Големо Коњари. Двете екипи ќе бидат под притисок за победа. Домаќинот со новиот тренер ќе атакува на победа со цел сигурен опстанок во третолигашкото друштво, додека фаворитот од Неготино ќе мора да дојде до трите бодови доколку сака следната сезона да игра Втора лига – Исток, што е стартна цел на клубот. Дуелот ќе може да се следи и во ЖИВО на Спортска Мрежа со пренос овозможен од клубот.

Братство 07 на домашен терен ја чека екипата на Илиден БС, каде домаќинот ќе биде голем фаворит за нова победа и три бодови.

Младост 1930 во Кривогаштани ја чека екипата на Марена. Интересен натпревар во кој и двете екипи влегуваат изедначено, а во однос на табелата, Марена со 13 бодови е на 11-тото место, а со еден бод повеќе има Младост 1930 кој е место погоре на табелата.

Лидерот Локомотива Градско ќе гостува кај екипата на Динамо. Формата и квалитетот го прават гостинот од Градско да биде голем фаворит за победа. Овој натпревар ќе може да се следи и во ЖИВО на Спортска Мрежа со пренос овозможен од клубот.

Превалец утре го игра првиот пролетен натпревар против екипата на Питу Гули на домашен терен. Квалитетот, формата и домашниот терен го прават Превалец голем фаворит против гостинот од Крушево.

Младост Удово на домашен терен ќе има тешка задача против одличната екипа на Напредок Крушеани која атакува на прво место и влез во Втората лига – Исток.

Во оваа коло екипата на Дојранско Езеро ќе биде слободна.

Табелата од Третата лига – Југ погледнете ја ОВДЕ.

Сите натпревари стартуваат во ист термин, односно од 14:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!