Вардар Неготино го збриша Младост, Превалец даде 13 гола, по три бода за Росоман и Питу Гули

Денес беа одиграни натпреварите од вонредното 17. коло на Третата фудбалска лига – Југ.
Revolution Development е софтверска компанија aпосветена на развој на врвни решенија за бизниси
Најубедлива победа однесе екипата на Превалец која на домашен терен со убедливи 13:1 го распадна Обршани, кој немаше сили ниту на момент да го запре налетот на домаќинот. Хет-трик на мечот одигран во велешката населба Превалец постигнаа Пеце Стојанов и Дарко Ранготов, а по два гола постигнаа Живко Ѓорѓиевски и Кристијан Маневски, додека пак стрелци на еден гол беа Филип Драскачев, Ангел Гаштев и Бобан Дукадиновски. За гостите стрелец на единствениот гол беше Петар Кромидоски.
Питу Гули со убедливи 0:3 го декласираше „фенерџијата“ Возарци ДМД со двата погодоци на Унча Бојаџиески и едниот гол на Димитар Мургоски.
Бучин и Ново Црнилиште го поделија „пленот“ играјќи 2:2. За домашниот тим стрелци беа Никола Сламкоски и Христијан Димовски, а пак за гостите стрелаа Газаљ Сулемани и Буџахудин Сулејмани.
Вардар на домашниот терен во Неготино со убедливи 6:0 го распадна Младост 1930 од Кривогаштани, во меч каде „вардарци“ повторно покажаа моќ и доминантна игра. Голеадата во Неготино ја започна АЛександар Трајков кој го отвори резултатот во 16. минута од мечот, а до крајот на првиот дел погодија Дарко Мојсовски и Ѓорѓи Шишков за 3:0 на полувреме и со тоа ја најавија победата уште во првиот дел.
Во вториот гол стрелаа Петар Најдов, Антонио Јанев и Даниел Буровски со што Вардар Неготино ита кон баражот за влез во Втората фудбалска лига, што е стартна цел сезонава на неготинци.
Росоман на домашен терен со убедливи 4:1 ја декласираше Марена. За домаќинот погодоците ги постигнаа Илија Ристески, Стефан Тодоровски, Емануел Елмазов и Игор Ѓорѓиев, додека пак за гостите единствен стрелец беше голгетерот Александар Велјанов.
Мечот меѓу Динамо и Големо Коњари е закажан за следната среда (18. мај) со почетко од 17:00 часот на теренот со вештачка трева во Прилеп.