ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Вардар Неготино го „среди“ и фенерџијата Обршани, Питу Гули покажа моќ против Локомотива

Текстот го спонзорираше Revolution Development

Вардар Неготино стигна до пет од пет, откако денес без многу мака го „среди“ и фенерџијата Обршани, со резултат од 1:3 во рамки на 5. коло од Трета лига – Југ.

Непоразениот лидер од Неготино имаше водство од 0:1 на полувреме, откако Петар Ристовски постигна гол во 27. минута. На стартот од вториот дел Антонио Димоски стрелаше за 1:1 со што домашната екипа се врати во рамноправна борба за трите бодови. Сепак, во 55. минута неготинци дојдо до ново водство од 1:2 со голот на Борче Гогов, а по осум минути игра Даниел Буровски ги постави конечните 1:3.

„Катастрофално судење на судијата Драган Стевановски од Велес и многу груба игра од екипата на Обршани каде што нашите играчи не беа заштитени“, велат од Вардар Неготино по завршувањето на мечот.

Превалец лесно прокнижи три бодови, откако на домашен терен со 4:2 го доби дуелот со Бучин. За домаќинот двоен стрелец беше Антонио Чоков, а по еден гол постигнаа Пеце Стојанов и Бране Петровски. За гостинската екипа по еден гол постигнаа Александар Цветановски и Михаил Вурмески.

Марена однесе висока победа на гостувањето во Кривогаштани каде со 0:4 го декласираше Младост. Двоен стрелец беше голгетерот Александар Велјанов, еден гол беше дело на Борис Михов, а пак Христијан Илиоски си постигна автогол.

Канатларци немаше сили за фаворитот Големо Коњари, кој со 0:3 славеше за нова победа. Николај Даноски, Мустафа Селманоски и Ерџан Ибраимоски беа стрелци за екипата на Големо Коњари.

Питу Гули покажа моќ и со убедливи 7:3 го „здроби“ ланскиот второлигаш Локомотива од Градско. Третолигашот од Крушево кој пред неколку сезони, исто така, играше во Втора лига – Исток, одигра одличен меч и продолжува да го следи чекорот на непоразениот лидер Вардар Неготино.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Беким Алимоски постигна хет-трик, а по еден гол постигнаа Унча Бојаџиески, Коста Степаноски, Ѓорѓи Стрезовски и Мартин Талески. За гостите од Градско хет-трик постигна Дарио Петров.

Росоман беше пресилен за екипата на Слога, која немаше сили ниту на момент да го запре налетот на одличниот домаќин кој славеше со високи 6:1.

Слободан Дуков и Марко Миловановиќ беа двојни стрелци за Росоман, а по еден гол постигнаа Бранко Стошиќ и Петар Николов. За гостите единствен стрелец беше Адмир Угљанин.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!