ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Вардар Неготино го смени тренерот Стојанов, а пристигнува Глигоров од Росоман

Раководството на третолигашот Вардар Неготино поради слабите и бледи резултати, а особено после ремито во Башино Село, каде ремизираше со екипата на Динамо, се одлучи за тренерска смена. Тренерот Марјан Стојанов заминува од неготинскиот третолигаш, а на негово место пристигнува Никола Глигоров довчерашен тренер на второлигашот Росоман.

„На досегашниот шеф на стручен штаб Марјан Стојанов му се заблагодаривме и поради бледите и слаби настапи на негово место дојде довчерашниот тренер на Росоман, Никола Глигоров, со цел да ја стабилизира екипата, бидејќи досегашните резултати не соодејствуваат со квалитетот на играчи и се наоѓаме на средината на табелата“, ни изјави претседателот на Вардар Неготино, Горан Алтанџиев.

Глигоров првиот тренинг со екипата на Вардар Неготино го имаше денес, а своето деби ќе го има во недела, во дерби-пресметката против Ново Црнилиште.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!