Вардар Неготино го разреши тренерот Никола Глигоров, екипата ќе ја води Миле Чаушев

После вчерашниот пораз на Вардар Неготино на гостувањето кај Братство 07, екипата од Неготино донесе одлука да го разреши тренерот Никола Глигоров, а на чело на екипата застанува Миле Чаушев, кој ќе биде играч и тренер до крајот на сезоната.
На 34-годишниот искусен фудбалер ќе му помага Марјан Смилков кој беше помошник на Глигоров.
Како што дознава Спортска Мрежа, одлуката за разрешување на Глигоров доаѓа по сугестија на сите играчи веднаш после вчерашниот пораз, кои биле едногласни за таква одлука.
Вчерашниот пораз значително ги намалува шансите за Вардар Неготино за прво место, па клубот останува на заложбата за што повисок пласман на табелата во Третата лига – Југ.
Вардар Неготино веќе во среда на домашен терен ќе се соочи со екипата на Младост 1930 од Кривогаштани.
>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЈУГ ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<