ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Вардар на подготовки во Охрид, денес контролка против домаќинот

Вардар ги започнува подготовките покрај Охридското Езеро, а веќе денес следува првиот контролен натпревар против Охрид Лихнидос.

Натпреварот ќе се одигра Стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид со почеток од 17:30 часот.

Охрид до сега одигра два пријателски натпревари против Пелистер и Егнатиа од Албанија, додека пак Вардар играше против прволигашот Скопје и истиот меч го загуби.

Деновите се очекува ждрепката за новата сезона од Втората лига, која треба да стартува на 13. август со натпреварите од првото коло.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!