ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Вардар ја торпедираше Велешта, реми на Воска и Силекс

Вардар со убедливи 4:0 ја торпедираше Велешта во меч од 13. коло од Втората лига – Запад. После двата порази од конкурентите Воска Спорт и Силекс, „вардарци“ денес конечно запиша триумф. Хет-трик на натпреварот постигна Филип Петковски, а стрелец беше и капитенот Дејан Блажевски.

Беса во Дебар кај Кораби славеше со убедливи 0:3 и после пет натпревари без триумф конечно се израдува. Двоен стрелец за второлигашот од Добри Дол беше Шериф Реџепи, а гол постигна и Аљтин Лога.

Дуелот меѓу Тетекс и Охрид заврши без победник (1:1), за домашните стрелаше Хусеин Демири, а пак за гостите погоди Ајрадин Цуцули.

Гостивар со погодокот на Сунај Хасан (1:0) ги обезбеди трите бодови против Кадино.

Дербито меѓу Воска Спорт и Силекс заврши без победник (0:0) и поделба на „пленот“.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!