ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Вардар ја доби Воска во Струга и се надева за бараж, Силекс е нов прволигаш

Вардар со минимални 0:1 ја доби Воска Спорт на Градскиот стадион во Струга и се надева на бараж за Прва лига. Демир Бенјамин беше стрелец на победничкиот гол за Вардар кој сега има негатива од 3 бода во однос на Воска Спорт на две кола до крајот.

ЗА СИТЕ ГОЛМАНИ НА ВОЗРАСТ ОД 7 ДО 19 ГОДИНИ – ПРИЈАВИ СЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Гостивар со минимални 0:1 го доби Кораби среде Дебар со голот на Стојанчо Велинов кој погоди во 69. минута од мечот. Со овој триумф Гостивар го обезбеди опстанокот во Втора лига, а пак Кораби сега ќе брка опстанок бидејќи е во зоната за директно испаѓање.

Охрид со 6:2 го декласираше Кадино и се проби кон зоната за опстанок во Втората лига, откако Кораби загуби дома од Гостивар (0:1). За Охриѓани двоен стрелец беше Роберт Митев, а по еден гол постигнаа Игор Клечкароски, Александар Целески, Христијан Митревски и Дамјан Коќсевски, а пак за гостите двоен стрелец беше Давид Манџуковски.

Силекс со 2:0 на домашен терен го доби Тетекс и обезбеди директен влез во Првата лига на две кола пред крајот. Кратовци од следната сезона повторно ќе се натпреваруваат во Прва лига, откако по една година во Втора лига експресно обезбедија прволигашки статус. Стрелци на погодоци постигнати во вториот гол беа Благоја Спиркоски и Антонио Каланоски.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Беса и следната сезона ќе игра во Втора лига откако на домашен терен со 8:1 ја распадна Велешта која од сезона ќе игра во Трета лига – Југозапад. По дв погодоци постигнаа Малиќ Белули и Муас Демир, а пак по еден гол постигнаа Алмир Реџепи, Флорент Османи, Лутфи Биљали и Јусуф Аљиу. За Велешта, единствен стрелец беше Никола Миткоски.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!