ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Вардар ја декласира Беласица, Васоски со победа заминува од „црвено-црните“

Актуелниот шампион Вардар со победа од 0:3 над Беласица го заврши есенскиот дел од сезоната и воедно со победа си заминува тренерот Александар Васоски, кој за последен пат беше предводник на Вардар, а веќе разгледува понуди каде би ја продолжил кариерата, бидејќи состојбата со актуелниот првак не е сјајна.

Вардар во Струмица пристигна како голем фаворит, а по само 16 секунди игра резултат го отворија гостите преку поранешниот играч на Беласица, Мартин Мирчески кој го постигна еден од најбрзите голови во историјата на Првата македонска фудбалска лига.

Во вториот дел Вардар го зголеми водството преку Стојчевски кој погоди во 54. минута од натпреварот. Неколку минути подоцна гостите постигнаа уште еден погодок на кој стрелец беше Матеј Цветановски за конечни 0:3.

Вардар со 25 бодови ќе презими на петото место на табелата, но, го очекува тешка пролет со оглед на лошата ситуација во клубот. Беласица останува закована на дното од табелата со само 9 освоени бодови.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!