Вардар и Еурофарм Пелистер со лесни противници во Купот на Македонија, ќе гледаме и езерско дерби

Денес во просториите на Ракометната федерација на Македонија без извлечени двојките за четвртфиналните групи од ракометниот Купот на Македонија.
Вардар и Еурофарм Пелистер добија лесни противници, Металург ќе се соочи со Еурофарм Пелистер 2, додека најинтересни и возбудливи натпревари ќе има во групата Г каде ќе гледаме и езерско дерби меѓу Струга и Охрид, а победникот од овој натпревар ќе се соочи со Бутел или Јуниор Кисела Вода.
Во групите ќе се игра по еден полуфинален натпревар. Натпреварите ќе се одиграат на 31 март и 1 април, а потоа победниците од полуфиналните натпревари од групата ќе играат финален натпревар и победникот ќе обезбеди место на завршниот турнир кој е предвиден да се одигра од 29 до 31 мај годинава. Победникот во финалето е освојувач на Купот.





Извлекување на парови за Куп на Македонија: