ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Вардар го „тресна“ Големо Коњари – лидерот од Неготино гази кон нов бараж, висок триумф за Питу Гули

Текстот го спонзорираше Revolution Development

Вардар Неготино денес убедливо го доби дербито на колото со Големо Коњари, откако на домашен терен со 4:2 славеше сигурен триумф над конкурентот за врвот од табелата. Неготинци одлепија со пет бода на табелата пред второпласираниот Питу Гули со што и дефинитивно сигурно газат кон нов бараж за Втора лига.

На полувреме резултатот беше 2:1 за домашниот тим. Резултатот го отвори Антонио Јанев со што Вардар дојде до водство во 26. минута. Гостите брзо стигнаа до предност од 1:1 и се вратија во игра, откако Николче Касниоски стрелаше за 1:1 и со тоа го врати Големо Коњари во рамноправна борба.

Сепак, радоста кај домашните навивачи ја врати Ѓорѓи Шишков веќе во 38. минута за 2:1 по првите 45 минути.

Во вториот дел Големо Коњари продолжи со иницијативата за брз гол, а со тоа и да го запре Вардар со победничката низа, а за тоа беше заслужен Михо Андреевски, кој погоди за 2:2 во 54. минута. Три минути подоцна гостите останаа со играч помалку, откако Бешовски заработи втор жолт картон поради туркање/влечење, со што беше исклучен од игра.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Вардар имаше играч повеќе на теренот, и во 73. минута преку Кирил Неделков го врати водство на 3:2, а десет минути подоцна Даниел Буровски стрелаше за триумф од високи 4:2.

Обршани со погодоците на Димоски, Евтимџиоски и Ујгуноски стигна до триумф од 3:0 над Бучин на домашен терен. Обршани се разбуди во финишот од есенската полусезона и со шест бодови е на претпоследното место на табелата, но за потсетување е дека Обршани беше санкциониран со три бода.

Питу Гули стигна до нов висок триумф, откако со 6:0 го декласираше „фенерџијата“ Канатларци. Зоран Котески го отвори резултатот, а до крајот на првиот дел погоди и Беким Алимоски за 2:0 на полувреме.

Во вториот дел Ѓорѓи Стрезовски беше двоен стрелец, а до крајот погодоци постигнаа и Олвиер Велевски и Никола Ѓорѓиев за конечните 6:0.

Росоман со двата погодоци на Кристијан Јованов во вториот дел обезбеди триумф од 2:0 над Младост од Кривогаштани.

Слога му го нанесе третиот сезонски пораз на Превалец, откако со 3:2 на домашен терен за петти сезонски триумф.

Музафер Алиоски погоди за 1:0 во 20. минута, додека пак Ангел Гаштев постигна гол за 1:1 во 34. минута. Во вториот дел Белмин Кујовиќ постигна гол за 2:1, а Алиоски со втор гол обезбеди предност од 3:1. Во 77. минута Антонио Чоков стрелаше за конечни 3:2.

Ланскиот второлигаш Локомотива на домашен терен со 4:1 однесе висока победа над Марена. Роберт Шабаноски беше двоен стрелец за домашниот тим, а по еден гол постигнаа Дарио Петров и Марјан Стефановски. За гостите единствен стрелец кој погоди во 85. минута беше Дејан Митров.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТМФЛ – ЈУГ:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!