ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Вардар го „прегази“ Тетекс, Силекс со минимален триумф, Воска го доби градско дерби со Охрид

Силекс продолжува со победите откако на домашен терен со минимални 1:0 славеше над Беса од Добри Дол. Стрелец на единствениот погодок во мечот од 8. коло беше Ѓорги Танушев во 80. минута.

И Велешта со минимални 0:1 славеше на гостински терен против Кадино со гол на капитенот Нијас Лена во 7. минута од мечот.

Вардар го декласираше Тетекс среде Тетово за 45 минута со 0:3. Резултатот беше отворен уште во 14. минута со гол на Филип Петрковски, а Вилдан Керим дуплираше на 0:2 во 28. минута. Конечните 0:3 ги постави капитенот Дејан Блажевски на една минута пред крајот на првиот дел.

Гостивар на домашен терен ја забележа втората сезонска победа, откако со 4:2 славеше над Кораби и излезе од опасната зона на табелата. Абдулвахит Мурати уште во 5. минута го донесе Кораби во водство со 0:1. Љавдрим Скендери во 22. минута стрелаше за 1:1 на полувреме. Во вториот дел Генц Гаши го донесе Гостивар во водство од 2:1, а во 61. минута Валтрим Ќаили зголеми на 3:1. Шест минути подоцна Бљерон Муча намали на 3:2 и го врати гостинот од Дебар во „живот“. Конечните 4:2 ги постави Сунај Хасан во 89. минута.

Првото градско дерби меѓу Охрид и Воска Спорт заврши со триумф од 1:2 за новиот второлигаш. Резултатот беше отворен со гол на Игор Клечкаровски во 13. минута од натпреварот. Пред самиот крај на првиот дел Елмир Алији израмни на 1:1. Во вторито дел Глигор Дончев си постигна автогол за конечните 1:2 и големи три бодови за екипата предводена од Раде Цицмиловиќ која се бори за нов историски успех – пласман во Прва лига.

ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД:

Standings provided by SofaScore LiveScore

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!