ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Вардар го победи Кожуф и до утре ќе биде лидер во Втора лига

Последното есенско коло односно 15-тата рунда од Втората македонска фудбалска лига беше отворена денес со дуелот меѓу Вардар и Кожуф, кој заврши со триумф од 2:0 за најтрофејниот македонски фудбалски клуб, кој барем до утре ќе биде лидер на табелата.

Овој натпревар се одигра ден порано од вообичаениот саботен термин за второлигашите, бидејќи Вардар немаше слободен стадион за да игра во сабота односно утре, па мораше да игра денес, ден порано од останатите.

Вардар прв стигна до водство со голот на капитенот Дарко Мицевски, кој во 20. минута ја погоди мрежата на Картов за 1:0 на полувреме.

На стартот од вториот дел Христов заработи втор жолт картон и беше исклучен од игра, но ваквиот момент не беше најдобро искористен од страна на гостите од Гевгелија. Во 60. минута Кире Маркоски погоди и ја дуплираше предноста за „вардарци“, а до крајот на мечот мрежите мируваа и на двете страни, со што резултатот од 2:0 стана конечен.

Вардар, барем од утре ќе биде лидер, кога ќе биде комплетирано 15. коло. Гостивар утре доколку оставари триумф над Караорман на домашен терен ќе биде есенски шампион, со пораз или реми, Вардар ќе биде есенски шампион во Втората македонска фудбалска лига.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРА ЛИГА:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!