ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Вардар го именуваше Бобан Грнчаров за тренер до крајот на сезоната

Вардар преку соопштение вечерва информираше дека Бобан Грнчаров е именуван за вршител на должноста шеф на стручниот штаб до крајот на оваа сезона, откако Никола Глигоров по поразот во Гостивар си поднесе оставка.
„Поранешниот капитен и сегашен член на стручниот штаб на нашиот клуб Бобан Грнчаров од денеска е назначен за вршител на должноста шеф на стручниот штаб до крајот на оваа сезона“, се вели во соопштението на ФК Вардар.
Најтрофениот македонски фудбалски клуб е трет на табелата со 43 освоени бодови и сериозно заостанува зад Воска која е втора со 51 бод и Силекс кој е прв со 56 бодови.
ПРИЈАВИ СЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“