ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Вардар доби нов газда, нов тренер и десетина нови играчи – целта е експресно враќање во ПМФЛ

Конечно убави вести за најтрофејниот македонски клуб Вардар, кој доби нов сопстевеник, нов тренер и десет нови играчи со кои ќе атакува на експресно враќање во Првата македонска фудбалска лига.

За првпат во историјата Вардар ќе се натпреварува во Втората македонска фудбалска лига – Запад, откако минатата сезона заврши на претпоследното место на табелата и директно испадна во второлигашкото друштво.

Долго време Вардар се соочуваше со големи проблеми, од финансии до играчи и многу други административни проблеми, но конечно дојде време кај најтрофејниот македонски клуб многу нешта да бидат променети на подобро.

Вардар конечно доби нов сопственик, тоа е компанијата „Блу Скај“ на македонскиот бизнисмен Слободан Крстевски. Покрај тоа, клубот доби и нов тренер, поранешниот тренер на Силекс, Горан Симов ќе седне на жешкото столче на Вардар и ќе го води клубот во следната за „црвено-црните“ прва второлигашка сезона.

Целта на новиот сопственик и тренерот Симов е Вардар експрено да биде вратен во Првата лига, а за таа цел клубот ангажираше дури десет играчи.

Симов кој со Силекс го освои Купот на Македонија, сега во Вардар на располагање ќе го има искусниот капитен Дејан Блажевски кој останува во Вардар, а ќе остане и напаѓачот Филип Петковски. Се очекува во таборот на „црвено-црните“ да остане и голманот Филип Илиќ како и Стефан Лазаревиќ и Бојан Најденов. Во составот на Вардар за следната сезона се договорени и Оливер Пеев, Борис Јакимовски и Бењамин Демир, Трајче Стојковски, Вилдан Керим, тука се и Дарко Гроздановски, Дарко Стојанов, како и искусниот Петар Љамчевски.

Покрај овие играчи Вардар преговара со уште неколку подобри играчи кои ќе треба да помогнат со своето искуство во остварување на целта. Во екипата ќе бидат вклучени и неколку млади играчи од школата на Вардар.

Подготовките се закажани на 7 јули, а првиот контролен натпревар е закажан за 21 јули против Каменица Саса во Македонска Каменица, по што Вардар ќе се пресели во Охрид каде ќе се подготвува покрај езерото и ќе одигра уште четири контролки пред стартот на новата сезона во Втората лига кој би требало да се случи 21 август.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!