Европски ФудбалФудбал

Варан сака да оди на „Олд Трафорд“, но Реал го има последниот збор

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Рафаел Варан ова лето би можел да го смени својот тим. 28-годишниот француски репрезентативец е подготвен да ја прифати понудата на Манчестер Јунајтед.

Доколку раководството на „црвените ѓаволи“ се согласи со мадриѓаните, Варан ќе потпише договор до летото 2026 година, пренесува италијанскиот новинар Фабрисио Романо.

Истиот извор известува дека Французинот ќе ја почитува секоја одлука на Реал и нема намера да му постави ултиматум на „кралскиот клуб“ на кој било начин.

Варан е во главниот град на Шпанија од летото 2011 година, а минатата сезона одигра 41 натпревар и постигна два гола.

Порталот „Transfermarkt“ ја проценува неговата вредноста на 70 милиони евра.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!