ЕУРО 2020Фудбал

Ван Дајк ќе биде дел од холандиската репрезентација на ЕП

Вирџил ван Дајк нема да настапи на Европското првенство оваа година, но ќе биде со репрезентацијата на Холандија за време на континенталниот шампионат.

Дефанзивецот на Ливерпул и капитен на „лаљињата“ ќе биде пријавен како дел од придружниот штаб. Оваа одлука можеше да се насети по пријателскиот натпревар против Шкотска, кога Ван Дајк седеше директно зад клупата на Холандија. Тренерот Франк Де Бур даде кратко објаснување.

„Тимот сака Ван Дајк да биде со нас. Без оглед на фактот дека тој нема да игра, самото негово присуство значи многу за самодовербата на тимот“, рече Де Бур.

Вирџил дебитираше за Холандија во 2015 година и досега има одиграно 38 натпревари. Интересно е што тој никогаш не учествувал ниту на светско ниту на европско првенство.

Ван Дајк се здоби со сериозна повреда на коленото на градското дерби меѓу Ливерпул и Евертон во октомври минатата година. Тој беше опериран и процесот на опоравување сè уште трае. Сите неопходни терапии ќе бидат изведени во репрезентативниот камп.

Холанѓаните се во групата Ц заедно со Украина, Македонија и Австрија. Првиот натпревар се игра во недела на 13. јуни во 21 часот против Украинците.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!