ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Валон Незири од Ренова е новиот голман на Гостивар

Второлигашот Гостивар на голманската позиција се засили со Валон Незири од Ренова, кој пред неколку дена се раздели со „гипсарите“.

27-годишниот голман си замина од прволигашот од Џепчиште во потрага за поголема минутажа, а неговиот избор беше второлигашот Гостивар, кој има за цел пласман во Првата македонска фудбалска лига. Незири ќе биде големо засилување за Гостивар кој ќе води голема борба за првото место во Втората лига – Запад.

Гостивар есенскиот дел од сезоната го заврши на делба на второто место на табелата со Велешта со по 30 освоени бодови, седум помалку од есенскиот шампион Скопје.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!