ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Вахит Мурати се враќа во тимот на Воска Спорт

После изминати 6 месеци како позајмен играч во тимот на Кораб од Дебар, Вахит Мурати се враќа во Воска Спорт која во пролетниот дел ја очекува тешка борба за историски пласман во Првата македонска фудбалска лига заедно со третопласираниот Вардар и лидерот Силекс.

Мурати има 20 години и потекнува од школата на Шкендија, додека кај Кораб се истакна во последните 6 месеци постигнувајќи 6 погодоци.

„Токму неговите настапи не натераа повторно да го вратиме во тимот и тоа на барање на тренерот Раде Цицмиловиќ,“ велат од Воска Спорт.

Претходно, второлигашот од Охрид ги промовираше Аљтин Лога, Арџент Гафури, Дарко Размоски и голманот Дејан Силјановски.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!