В сабота спектакл од дерби меѓу Пелистер и Вардар: „Комити“ ќе бидат сместени на новата трибина во Битола!

В сабота се игра големото вечно дерби меѓу Пелистер и Вардар, а домашните навивачи со нетрпение го очекуваат истото, бидејќи за првпат ќе биде отворена новата трибина од стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.
Второлигашот Пелистер информираше дека новата трибина го помина техничкиот преглед и целосно е безбедна и функционална и од утре сите љубителите на фудбалот ќе може да си купат и билет.
Капацитетот на новата трбина е 4.500 столчиња, за цената на билетот е 100 денари.
„ФК Пелистер ги известува своите симпатизери, навивачи, љубители на фудбалот и граѓани на Битола дека новата трибина на стадионот „Петар Милошевски“ го помина техничкиот прием и целосно е безбедна и функционална. Во сабота од 13:00 часот на натпреварот Пелистер – Вардар за прв пат ќе се продаваат билети за новата трибина, чиј капацитет е 4.500 столчиња. За овој натпревар билети по цена од 100 денари ќе се продаваат в петок од 13:00 до 17:00 часот и непосредно пред почетокот на натпреварот на билетарницата во подтрибинскиот простор на новата трибина. За овој натпревар ќе бидат пуштени во продажба 2.500 билети, а во функција ќе бидат секторите 5,6,7. Гостинските навивачи ќе бидат стационирани во сектор 9, разделени со тампон зона од останатите сектори. На јужата трибина ќе бидат сместени домашните навивачи „Чкембари“, во својот вообичаен сектор, новинарите и дел од службените лица. Клубот апелира за навремено доаѓање на натпреварот на влезот од градското шеталиште. Во меѓувреме секојдневно работиме на прилагодување на влезовите кон новата трибина“, се вели во соопштението на Пелистер.
Навивачката група „Комити“ го најави патувањето во Битола, со што со сигурност се очекува спектакл од двете навивачи групи, бидејќи и Пелистер ќе ја има поддршка од своите „Чкембари“.
Натпреварот кој се игра во Битола на „Петар Милошевски“ ќе започне во 13:00 часот.