Утре последен ден за пријавување екипи на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров“

Утре е последен ден за пријавување на екипи на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров“, кој се игра во Чардаклија, Штип. Kотизацијата по екипа за учество изнесува 3.000 денари.
Теренот во Чардаклија е подготвен за 22-то издание на Меморијалниот турнир, каде годинава ќе има високи парични екипи.
Во среда (13. јули) со почеток од 19:00 часот во Основното училиште во Чардаклија е закажана ждрепката, по што ќе бидат познати групи и распоредот.

Турнирот е во чест на Влатко Петров, кој херојски загина во 2001 година, традиционално 22 година по ред во организација на „Здружение на граѓани Влатко Петров – Штип“ и УЗ Чардаклија ќе се организира Меморијален турнир во мал фудбал „Влатко Петров 2022“.
- Контакт за пријавување на екипи:
Горан 078 / 206 – 173
Даниел 078 / 355 – 978
Васе 076 / 444 – 038
Натпреварите ќе се одигруваат на спортскиот терен во Чардаклија, родното место на Влатко, во подобрени услови за игра!
Вила покрај Беровското езеро со џакузи и голем базен
- Високи парични награди за првите четири екипи:
I место 100 000 денари
II место 50 000 денари
III место 25 000 денари
IV место 5000 денари
Дополнително пехари, дресови и останати индивидуални награди.
Натпреварите ќе се играат во формат 4+1 во вечерни термини почнувајќи од 19:00 часот со првиот меч. Додека пак финалето кое е закажано за 2. август ќе се игра во раните утрински часови. Во 08:30 часот ќе започне натпреварот за третото место, додека пак од 09:20 часот ќе започне големото финале.
Главен покровител на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров“ во Чардаклија, Штип е „Superior Dispatch Service“, Рекламно студио „Нина Ком“ и Општина Штип.

Спортска Мрежа како единствен спортски сајт во Македонија, кој известува за Третата македонска фудбалска лига, како и за македонските турнири во мал фудбал e медиумски покровител на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров 2022“!