Утре ќе биде комплетирано последното есенско коло од Втората лига, ќе има ли промени на табелата !?

Поради врнежите од снег и дожд како и поради катастрофалната состојба на фудбалски терени, пет натпревари од Втората лига беа одложени.
На Западот треба да се одиграа три средби, додека пак на Истокот две, со што ќе биде комплетирано 15. коло.
Велешта на домашен терен ќе игра против непоразениот лидер Силекс, во Дебар екипата на Кораби ќе го пречека Охрид, а последниот меч е меѓу Гостивар и Тетекс.
Што се однесува до табелата во Втора лига – Запад, промени на врвот нема да има, но останува да видиме со колку бодови Силекс ќе презими на врвот како есенски шампион. Тетекс и Кораби ќе водат битка за четвртото место, а пак Охрид со евентуален триумф може да се надева сезоната да ја заврши на шесттото место на табелата односно да биде во безбедниот дел со што охриѓани би имале полесна задача пролетта кога е во прашање сигурниот опстанокот.

На Истокот ќе се одиграа двете одложени средби. Во Радовиш ќе се соочат Детонит и Осогово, а во Гевгелија ќе се сретнат Кожуф и Братство. Овие два меча може да донесат промени на табелата кога е во прашање опстанокот. Доколку Детонит триумфира над Осогово тогаш ќе се израмни на табелата со „жетварите“ од Кочани, а пак триумф за Кожуф што е многу очекувано може да значи и презимување во сигурниот дел од табелата.
Во Втора лига – Исток екипата на Победа е есенски шампион.
