РакометРакомет - Македонска репрезентација

Успесите на Македонија на ЕП, нашите ракометари редовни учесници

Првиот настап на Европско првенство ракометари на Македонија го имаа во далечната 1998 година на шампионатот во Италија, каде Македонија заврши на 12. позиција, а шампион беше Шведска.

Потоа следуваше ЕП во Србија во 2012 година кога Македонија го постигна најдобриот пласман на ЕП со освоеното 5. место, а тогаш шампион беше Данска. Потоа нашата репрезентација беше редовен учесник на сите Европски првенства.

На ЕП 2014 година кое се играше во Данска, Македонија беше на 10. место, а шампион на тоа ЕП беше Франција. Во 2016 година на ЕП во Полска нашата репрезентација се пласираше на 11. позиција, а тогаш шампион беше Германија. Во 2018 година во Хрватска нашата репрезентација заврши на 11. место, а шампион беше Шпанија. Две погоди подоцна односно во 2020 година Македонија го имаше освоено 15. место, а актуелен шампион е Шпанија. Последното ЕП се играше во Австрија, Норвешка и Шведска.

ЕП 2022 ќе се игра во Унгарија и Словачка од 13. до 30. јануари, а ќе настапат 24 селекции.

Инаку, квалификации за ЕП 2022 Македонија ги заврши со пет победи и еден пораз, со ист број на бодови како и Данска (10) заврши на второто место во групата, додека данските ракометари поради подобрата гол разлика завршија како први.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!