ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Успешни подготовки за новата сезона на Кит Го: Нов изглед на тимот и со нови имиња

Фудбалерите на Кит Го минаа повеќе од успешни подготовки за новата сезона во Втората лига – Исток.

Шефот на стручниот штаб Емил Грнев, паралелно со подготовките, го заокружи и тимот на кој ќе се темелат пехчевци низ новиот шампионат. Вкупно девет нови имиња, вклучувајќи ги и младинците кои пристигнаа од редовите на Брегалница, ќе бидат дел од новиот изглед на Кит Го.

За новата сезона Кит Го се засили со десниот бек Љупче Јанкулов од Кожуф, дефанзивецот од Вардар, Виктор Мирчевски, Рушту Јонуз од Работнички како и Михаил Милевски од Пелистер. А, продолжувајќи ја тенденцијата за промоцијата на млади сили како иднина на македонскиот фудбал, од младинскиот состав на Брегалница пристигнаа Ангелов, Цуцковски, Бајрамов, Николов и Коцев.

Во тимот останаа искусните Ступиќ, Христов, Мичковски, Андонов, голманот Давков…, заокружувајќи респектабилен состав за новите предизвици.

На последната контрола пред стартот на сезоната, Кит Го славеше против Беласица во Струмица со 1-2.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!