ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Уште едно големо засилување за Воска Спорт, Дервиши доаѓа на „Грашница“

Новиот член на Втората лига – Запад, екипата на Воска Спорт од Охрид продолжува со засилувања за исторскиот настап во второлигашкото друштво.

На „Грашница“ доаѓа искусниот Енис Дервиши, кој денес беше претставен како ново засилување кај охриѓани.

Воска Спорт без ниту еден пораз беше шампион во Третата лига – Југозапад, а во баражот славеше убедливо над Фортуна и обезбеди место во Втората лига – Запад за следната сезона.

Клубот ќе го води искусниот тренер Раде Цицмиловиќ, а во Воска Спорт веќе пристигнаа Емир Алиу, Шпенд Асани, Ардит Демир, како и последното големо засилување – Изаир Емини.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!