ФудбалФудбал - Македонска репрезентација

Управен одбор на ФФМ: Четири милиони и двесте илјади евра вкупна премија за фудбалерите и стручниот штаб за ЕУРО 2020

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука најголемиот успех – пласманот на македонската репрезентација на ЕУРО 2020 да го награди со исплата на најголемата премија во историјата на македонскиот спорт.

Фудбалерите и стручниот штаб во А репрезентацијата на Македонија добиваат четири милиони и двесте илјади евра вкупна премија за пласманот на Европското првенство..

Репрезентативците и стручниот штаб веќе инкасираа близу еден милион евра за освоеното прво место во групата Д од Лига на нации и квалификациите за ЕУРО 2020.

Со денешната одлука на Управниот одбор на ФФМ, до крајот од годината, федерацијата ќе им исплати сума од три милиони и двесте илјади евра за обезбеденото место на македонската репрезентација на Европското првенство.

Управниот одбор ги усвои предложените критериуми за распределба на наградата, изготвени од директорот на А репрезентацијата во консултација со селекторот и капитенот на македонската репрезентација.

Кога ќе погледнеме што сѐ Фудбалската федерација на Македонија доживеа и оствари во 2020. година, навистина има на што да бидеме горди. Македонската репрезентација ја обедини целата држава и ни ја донесе најголемата фудбалска радост од осамостојувањето. Капитенот Пандев и сите репрезентативци апсолутно ја заслужуваат паричната награда. Во сите тие моменти на патот до пласманот на Европското првенство, кога фудбалерите играа и се бореа за нашата фудбалска историја , никогаш не се размислуваше за пари. Но, сега е моментот, Управниот одбор да го цени успехот и да се обидеме и на овој начин да дадеме признание и да влијаеме позитивно на понатамошната атмосферата во репрезентацијата. Знам дека времињата се тешки, но Фудбалската федерација ќе продолжи да работи и горди сме на сѐ што заработивме и сѐ што плативме. На капитенот Пандев и соиграчите им посакувам многу среќа во новиот квалификациски циклус и повторно да ја одведат Македонија на големо натпреварување, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Управниот одбор на ФФМ на денешната седница донесе одлука за распределба на средствата од УЕФА солидарен фонд на клубовите од МФЛ од натпреварувачката сезона 2019/2020 за развој на младинскиот фудбал;

Управниот одбор на ФФМ го усвои Правилникот за лиценцирање во УЕФА натпреварувања на клубовите од ЖМФЛ;

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!