
Финалето од Европското првенство треба да се одигра на „Вембли“ во Лондон на 11 јуни, но УЕФА размислува да ја промени локацијата и финалето да се одигра во Будимпешта.
Ваквата одлука од страна на УЕФА доаѓа поради рестриктивните мерки за заштита од Ковид-19 кои се уште се на сила во Велика Британија. Сите оние кои не се државјани на Велика Британија ќе бидат приморани да престојуваат во карантин.
Од УЕФА бараат да се отстапи од правилото за десетдневен карантин за 2.500 ВИП гости за финалето на „Вембли“, за што тешко дека ќе дадат позитивен одговор од страна на тамошните надлежните власти.
Според „Тајмс“ највисокото тело за организацијата на полуфиналните натпревари и финалето веќе ја има пронајдено алтернативата, тоа е Будимпешта. Овој избор е од причина што оваа е единственото место во кое нема ограничување на капацитетот од 55.662 гледачи на трибините.