УЕФА развоен турнир за фудбалери до 16 години: Македонија минимално поразена од Хондурас

Младата репрезентација на Македонија до 16 години беше минимално со 1:0 поразена од селекцијата на Хондурас во рамките на третото коло од УЕФА развојниот турнир за фудбалери родени 2006 година што се одржува во Скопје.
Revolution Development е софтверска компанија aпосветена на развој на врвни решенија за бизниси
На тренинг центарот „Петар Милошевски”, избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ, по двете победи по подобро изведување на пенали против Таџикистан и Косово, беа поразени од Хондурас со гол постигнат во 75. минута од средбата. Нашата селекција имаше неколку добри прилики на денешната средба но немавме среќа да постигнеме погодок.
МАКЕДОНИЈА: Славе Вргов, Анес Мелиќи, Никола Стојковски, Никола Манојлов, Нуман Ајетовиќ, Алмир Подграѓа, Мухамед Елмас, Андреј Љубевски, Мартин Јовановиќ, Дарио Јакимовски, Валентин Блажевски;
Резерви: Спаско Ахтаров, Филип Митев, Андреј Велков, Максимилијан Димитријевски, Алтин Алији, Фљакрон Мемиши, Даниел Коцев, Стефан Младеновски;