ЕУРО 2020Фудбал

УЕФА ја принуди Украина да го смени дресот за Европското првенство

Европската фудбалска федерација (УЕФА) прифати дел од жалбата поднесена од Русија во врска со дресот на украинската фудбалска репрезентација за претстојното ЕП и ја принуди да го смени натписот на дресот.

Дресовите ги цртаат границите на украинската држава, вклучувајќи го и Крим, полуостров што Русија го анектираше во 2014 година, но кој меѓународната заедница сè уште го смета за дел од Украина.

Покрај тоа, на дресовите беа испишани паролите „Слава на Украина“ и „Слава на хероите“, што се традиционални воени честитки, и кои го предизвикаа гневот на Русите, кои сето ова го сфатија како провокација и испратија жалба до УЕФА.

„По детална анализа, натписот„ Слава на нашите херои“ на јаката на украинскиот дрес очигледно е од политички карактер и затоа треба да се отстрани на натпреварувањата на УЕФА“, изјави портпаролот на европската фудбалска организација.

Украина на тој начин ќе мора да го отстрани вториот дел од натписот „Слава на хероите“ од дресот, бидејќи овој слоган се смета за политичка порака и содржи историски и милитаристички контекст.

Да потсетиме, Украина ќе игра на ЕП во групата Ц против Холандија, Австрија и Македонија.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!