ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
УЕФА го казни Шкупи со 44.000 за пиротехника и скандирање политички пароли

Македонскиот фудбалски шампион Шкупи не успеа да обезбеди пласман во групната фаза од Конференциската лига на УЕФА, откако загуби од Балкани во плеј-офот.
Шкупи доби парична казна од ЕУФА во висна од 44.000 евра поради недолично однесување на навивачите, користење на пиротехнички средства, како и скандирање политички пароли.
„Шкупи секогаш ја цени поддршката на фановите и ќе продолжи така, но понекогаш сцените на трибините се непосакувани. Поради дејствијата на некои неодговорни навивачи на натпреваирте во Европа, клубот е казнет од УЕФА со 44.000 евра“, стои во клупското соопштение.
Шкупи, исто така, ги повика своите навивачи да не ги повторуваат овие однесувања и во иднина.