ФудбалФудбал - Четврта Лига

Убедливи победи за Пелагонија и Стрела 21, по три бода за Канатларци и Ултрас

Викендот се одиграа натпревари од 4. коло на Општинската фудбалска лига во Прилеп.

Во рамки на Општинската А1 квалитетна фудбалска лига, Канатларци на гостувањето кај Клепач 2013 славеше со 1:2, а до победата стигна со двата погодоци на Октај Јусуфоски. За домаќинот стрелец на единствениот гол беше Николче Стојчески.

Кадино на домашен терен беше поразен од екипата на Ултрас со резултат од 0:2. Стрелци на погодоци за триумфот на гостите беа Влатко Ингилизов и Димитар Коруноски.

Во рамки на А2 пак екипата на Кадица 1965 на домашен терен со убедливи 3:0 го декласираше составот на Тризла 2008. Погодоци ги постигнаа Михаил Ѓорѓиоски кој стрелаше во првиот дел, а во вториот погодоција Горан Базеркоски и Рубинчо Велески.

ПРИЈАВИ СЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Мукос дома со 3:1 славеше над Гарван Десово. Гостите први дојдоа до водство со голот на Едис Махмутовиќ уште во 5. минута, а пак домаќинот преку Дејан Танески дојде до 1:1, а во вториот дел Миле Стојчески и Васко Попоски погодија за конечните 3:1.

Во Општинската Б1 Квалитетна фудбалска лига, Млекар на гостувањето кај Прилеп Сити забелажа нов триумф со убедливи 2:4. За домаќинот двата погодоци ги постигна Димитар Грозданоски, а пак за гостите двоен стрелец беше Виктор Јованоски, а по еден гол постинаа Александар Ристески и Кире Димоски.

Стрела 21 со „петарда“ (5:1) ја распадна екипата на Боротино. Хет-три постигна Зоран Секирски, а по еден гол постигнаа Димитар Глигуроски и Влатко Петрески. За гостите стрелаше Антонио Најдоски.

Пелагонија на крилата на Александар Ѓероски го распадна Пролетер со убедливи 5:2. Ѓероски постигна дури четири погодоци, а еден гол беше дело на Бојан Пилкоски. За гостите двата погодоци ги постигна Денис Шерифоски.

ПРИЈАВИ СЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!